Стадионот “Спартак” во Варна денеска ќе биде домаќин на еден исклучителен добротворен натпревар помеѓу легендарните “Ѕвезди ’94” од Бугарија и фудбалските “Ѕвезди” на Северна Македонија. Настанот се организира во поддршка на жртвите од трагичниот инцидент во Кочани, јавува Трибуна.

Програмата започнува во 16:00 часот, додека самиот фудбалски меч ќе започне во 18:00 часот. На теренот во Варна ќе излезат некои од најголемите имиња на балканскиот фудбал, обединети во една благородна цел.

“Ова е повеќе од обичен пријателски натпревар. Секој присутен на стадионот ќе биде дел од хуманитарната акција и ќе придонесе за ублажување на последиците од несреќата во Кочани”, изјавија организаторите.

Навивачите можат да ги осигурат своите места во фан-магазинот на стадионот “Спартак”.

“Еден натпревар. Една кауза. Една публика што прави разлика”, е мотото на настанот кој ги обединува фудбалските ѕвезди на Бугарија и РС Македонија во името на солидарноста и човечноста.