Не починало 19 годишно девојче во тетовската болница, потврди директорот Гзим Нуредини и додава дека била направена грешка со матичниот број.
Станува збор за 59 годишна жена , која починала од Ковид-19. Жената имала дијабетес и прекумерна телесна тежина, потврди Нуредини , како и Министерството за здравство , од каде што исто така негираат дека имало 19 годишно девојче меѓу починатите.
Оваа вест е објавена од многу медиуми, а самиот Нуредини потврдил дека направил грешка при давањето на податоците за еден медиум и рекол дека лицето е родено во 2002 година, што подоцна го преземале и други медиуми. Сега Нуредини вели дека направена е грешка во матичниот број.