Жените членки на мултикултурната организација „Вешта жена“ од Тетово подготвија традиционални етно јадења кои се продаваа на денешниот хуманитарниот настан.

Целта на собирањето на средствата е да се организира новогодишна забава за децата со попреченост кои учат во тетовските училишта.

– Оваа година одбележуваме 20 години Етно вешта жена, а посебен повод е Денот на ослободување на градот Тетово. Вештите жени подготвија традиционални јадења, како кајмачиња, назлифатми, баклави и слично. Сето се продаваше пред гостите кои дојдоа на денешната забава со цел да соберат средства да организираме уште еден новогодишен настан за децата и ученици со попреченост, изјави Снежана Стојановска од Вешта жена.

Вакво настан се организираше и вчера во Гостивар.