На 14.08.2021 година во 19.05 часот, во СВР Охрид, од Итната медицинска помош е пријавено, дека на плажа во близина на хотелски комплекс во Охрид има починато лице.
Од увидот било констатирано дека станува збор за С.Н.(71) од Скопје.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.