Повеќе од три милијарди дози вакцини против Ковид-19 се аплицирани ширум светот, според податоци на западни новински агенции собрани од официјални извори до денеска.
Првата милијарда дози беа администрирани 20 недели по почетокот на првите кампањи за вакцинација во декември, втората милијарда за 6 недели, додека третата милијарда траеше уште 4 недели.
Околу 40 проценти од администрираните дози ширум светот (1,2 милијарди) биле во Кина, Индија (329 милиони) и САД (324 милиони).
Сепак, во однос на популацијата, вакцинацијата е водечка на Блискиот исток: Обединетите Арапски Емирати администрираа 153 дози на 100 жители, а Бахреин и Израел администрираа по 124 дози. Овие земји сочинуваат околу 60 проценти од населението кое е целосно вакцинирано.
Следуваат Чиле (118 дози по глава на жител), Велика Британија (113), Монголија (111), Уругвај (110), Унгарија (107), Катар (107) и САД (98). Овие земји целосно вакцинираа околу половина од населението.
Европската унија аплицираше 357 милиони дози на околу 50 проценти од нејзиното население, додека околу 32 проценти од жителите на блокот се целосно вакцинирани.
Малта, најмалата земја во Унијата – повеќе од 70 проценти од целосно вакцинираното население. Најнаселените земји во ЕУ, Германија, Франција, Италија и Шпанија, имаат околу една третина од целосно вакцинираното население.
Повеќето сиромашни земји започнаа со вакцинација, главно благодарение на механизмот Ковакс, но вакцинацијата е многу нерамномерна: земјите со високи примања, како што е дефинирано од Светска банка, администрирале во просек 79 дози на 100 жители, во споредба со само една доза во држави со „ниски примања“.
Пет земји се уште не започнале кампањи за вакцинација: Танзанија, Бурунди, Еритреја, Хаити и Северна Кореја.
И покрај контроверзноста, вакцината АстраЗенека/Оксфорд е користена во речиси 80 проценти од вакцинираните земји и територии, Фајзер / Бионтех во 47 проценти, Синофарм и Модерна во 22 проценти, Спутник В во 19 проценти, Џонсон и Џонсон во 14 проценти и Синовак со 11 проценти. (МИА)