Без педагог Албанец функционира најголемото основно училиште во Струга, Браќа Миладиновци, каде учат 1.160 ученици, од кои поголемиот дел следат настава на албански јазик. Слична е и ситуацијата во училиштето во селото Лабуништа, каде последните неколку години се зголемува бројот на ученици кои настава следат на албански јазик, јавува Алсат.
„Над 33 години во ова училиште нема педагог Албанец, а бројот на ученици Албанци е 730, на Македонци 420, а 80 ученици се во турските паралелки. По ова логички е да има педагог Албанец, но иако има доставено барање до Министерството за образование и Министерството за финансии, сè уште нема педагог Албанец…“, изјави Шкелќим Алиу-наставник во ОУ Браќа Миладиновци
Во меѓувреме, учениците Албанци комуницираат со педагогот Македонец.
„Бидејќи педагогот е Македонец, учениците Албанци имаат потешкитии во комуникација со него, но исто така има и потешкотии во административниот дел“, изјави Шкелќим Алиу-наставник во ОУ Браќа Миладиновци
Ваквите појави не значат подобрување на човековите и јазичните права, вели универзитетскиот професор Агим Пошка.
„Да, нема или се игнорира поради дневна политика или поради односите позиција – опозиција, а забораваат на елементарните потреби на општеството, забораваат дека на децата им е потребна квалитетна настава, квалитетна педагошка услуга… тие се клучниот фактор за развој на општеството. Уште имаме случаи кога учениците се Албанци, а педагогот Македонец, па не може да се постигне потребниот ефект при комуникацијата со некој ученик кој е жртва на ‘булинг’ или на некоја друга лоша појава“, изјави Агим Пошка-универзитетски професор од Струга
И во другите училишта во струшко има слични проблеми. Некаде има психолог Албанец, но нема педагог и обратно. Алсат праша во општина Струга, што прават за да го решат проблемот со недостигот на ваков кадар, но одговор не добивме.