Во среда во Собранието, пратениците ќе расправаат за интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, која ја поднесоа опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Ова е договорено на денешната координативна седница во законодавниот дом помеѓу координаторите на пратеничките групи на партиите со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Интерпелацијата за Димитров е поднесена поради блокадата од Бугарија за старт на преговорите на Северна Македонија со Европската унија и недобивањето на датум.