Според најновите препораки на Кризниот штаб за заштита на јавното здравје, што ги донесе Владата на Србија на денешната седница, работното време на трговските центри, продавниците за облека, обложувалниците, казина и детските игротеки од понеделник до петок се продолжува до 20 часот.

Работното време на угостителските објекти, поточно кафулињата и рестораните, исто така, ќе биде продолжено од понеделник до петок до 20,00 часот, со услов, во периодот од 17.00 до 20.00 часот да не се дозволува музика во локалите, без исклучоци.