Српското министерство за здравство  соопшти дека денес  во Србија е доставен нов контингент вакцини „Фајзер-Бионтек“.

113.490 дози вакцини пристигнаа во Србија, како дел од редовната испорака.

Вакцините биле доставени до Институтот „Торлак“, пренесува Танјуг.