Од денеска во Србија може да се добие дополнителна, трета доза на вакцината против коронавирусот, објави Владата на Србија.
„Сите вакцинирани граѓани ќе можат да ја добијат третата доза 180 дена по добивањето на втората доза, а граѓаните ќе бидат повикани преку СМС и е-пошта со линк што ќе ги одведе до порталот за е-влада, каде што ќе добијат подетални информации “, се наведува во соопштението.
Како што е објаснето, третата доза на вакцината ќе биде достапна на барање на граѓаните, односно без разлика дали припаѓаат на категориите на население на кои им се препорачува трета доза.