Во последните 24 часа во Србија биле потврдени 227 нови случаи на коронавирусот, а како последица на овој вирус починал еден пациент. Тестирани биле 9.072 луѓе.

На респиратор се приклучени 8 пациенти.

Од почетокот на пандемијата тестирани се вкупно 4.563.171 граѓани, биле позитивни 718.817 а починале 7.084.