Во Белград се одржа марш за зачувување на традиционалното семејство, религијата, идентитетот и традиционалните морални вредности. Овој марш е против одржување на геј парада, која е одложена.

Но, видливо беше и присуство на лица кои носеа зелени маички на кои беше испишана буквата „Z“ која што ја користи Русија во ознаките на својата војска и оружје во инвазијата врз Украина.