Досега околу 40,8 проценти од граѓаните во Србија се вакцинирани против коронавирусот, додека 32,74 проценти од возрасните ја примиле втората доза на вакцината, јави Радио Телевизија на Србија.
Аплицирани се 4.342.773 дози на вакцини.
Првата доза на вакцина ја примиле 2.420.190 граѓани на таа држава и 1.922.583 граѓани биле повторно вакцинирани. Просечната возраст на вакцинираните е 59 години. (МИА)