Коронавирусот е потврден кај 81 лице во Србија во последните 24 часа, а во исто време, ниту еден пациент не починал како резултат на овој вирус.
Тестирани се 8.025 лица.
На респиратор се приклучени 13 лица.
Српското министерството за здравство денес потврди дека се регистрирани првите два случаи на делта инфекција со коронавирусот.