Во Словенија падна снег, пренесе метео.си. Според снимките од Кредарица во северозападна Словенија, на теренот се задржало поголемо количество снег.

Снегот сè уште паѓа, а температурата е -4 Целзиусови степени. Северен ветер дува со брзина од 37 километри на час.