Во Скопје вечерва беше одбележана 153-та годишнина од смртта на Апостолот на бугарската слобода Васил Левски. Настанот се одржа пред барелјефот на Левски на ѕидот на бугарската Амбасада во главниот град на Република Северна Македонија, јавува Трибуна.

Во својот краток пригоден говор амбасадорот на Бугарија Желјазко Радуков сподели момент од своето ранно детство и за емоциите што се јавиле кај него, кога прв пат од својата баба ја слушнал песната на Христо Ботев посветена на Васил Левски.

„Ми се чини дека, есенцијата на делото на Апостолот е да ја имаме привилегијата да живееме во слободна држава, и да можеме сами да ја бираме сопствената иднина. Заради тоа се поклонуваме пред неговото дело“, изјави амбасадорот Радуков.

Цвеќиња пред барелјефот на наголемиот бугарски син поставија амбасадорот, воениот аташе полковник Асен Ламбев и неговата заменичка мајор Дијана Николова-Гашева, директорката на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје Антонија Велева, членовите на бугарскиот дел од Заедничката интердисциплинарна комисија за историски и образовни прашања, директорката на бугарското неделно училиште „Здравеј“ во Скопје Илијана Атанасова и претставници на бугарската заедница во земјата.