Зоолошката градина Скопје  информира дека утрово угина  жирафата Каспер.

-Во тек е обдукција на жирафата од страна на Ветеринарниот институт и веднаш по добивањето на резултатите, ќе Ве информираме за причините за смртта на ова сакано животно, миленик на вработените и на бројните посетители, велат од Скопската ЗОО.

Каспер беше во Зоолошката градина Скопје, од ЗОО Штутгард, каде бил од неговото раѓање на 21 јули 2011 година , имаше 12 години и секако дека сите што го сретнале ќе го паметат.