И оваа зима се чини дека ќе дишеме многу загаден воздух. Како што може да се забележи од мерењата кои ги објавува Министерството за животна средина и просторно планирање преку нивната веб страница, концентрацијата на ПМ10 честички е далеку над дозволеното ниво од 50 мг на метар кубен. Присуството на ПМ10 и ПМ2,5 честички е многу високо, а тоа значи дека воздухот во главниот град е високо загаден и штетен. Ништо подобра не е состојбата ниту во другите градови, освен во Гостивар.