Првата недела од новата година, жители од повеќе општини од главниот град упорно се жалат дека иако редовно ги плаќаат сметките, радијаторите се млаки но и алармираат дека парното се исклучува многу порано од 22 часот. Од БЕГ во неколку наврати повторија дека парното греење работи во како што го нарекоа „оптимизиран режим“, но на прашањето дали граѓаните биле известени дека системот ќе работи во таков режим велат:
-Преку системот за централно греење со кој управува БЕГ се испорачува топлинска енергија со цел да се обезбеди врантрешна температура од 20 степени во грејните простории согласно регулативата и компанијата истата ја почитува во целост.- велат од БЕГ
Дел од правниците во земјава пак велат дека секој граѓанин кој има склучено договор, а нема добиено услуга има право да поднесе тужба до Граѓанскиот суд за надомест на штета.




















