Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 340 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 7 приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 примени пациенти и 2 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало еден прием. На Институтот за физикална медицина немало примени.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 466 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на хоспитализирани со ковид во земјава е 806 и има тренд на опаѓање.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.