Во Куршунли ан во Скопје беше отворена изложбата насловена „Зерефшан“, која ја промовира традиционалната уметничка дисциплина наречена тезхип, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тезхип е древна турска уметност на цртање, се користела за украсување слики, книги и предмети. Тезип е вид уметност што на почетокот се применувала за украсување теписи и традиционални предмети, а подоцна се пренела и на хартија.
Изложбата е организирана од страна на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), со поддршка на „Туркиш ерлајнс“, Институтот „Јунус Емре“ во Скопје и хотелот „Буши“. На отворањето на изложбата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пратеникот во Собранието на Северна Македонија, Енес Ибрахим, претседателот на Турското движење за национално единство (ТМБХ), Ердоган Сарач, претставниците на турските институции и организации во земјата, како и поканети гости.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, истакна дека уметноста наречена Зерефшан Тезхип се смета за кралица на калиграфијата, активно се практикува во Истанбул и Сараево, и дека работеле во насока изложбата да биде отворена и во Скопје.
Тој соопшти дека на изложбата ќе бидат изложени делата на уметници од Турција и Босна и Херцеговина.
Градоначалникот на Град Скопје, Шилегов, рече дека денешниот настан е доказ дека не постои етнички различности меѓу луѓето тука.
Според него, богатството на Скопје е едно богатство на неговото наследство, историјата, сегашноста и едно богатство на неговата иднина.
„Да уживаме во убавините коишто нашите предци толку мудро, толку паметно го оставиле во аманет на денешните генерации, да бидеме паметни ние коишто сме денеска присутни да го оставиме аманетот на идните генерации“, нагласи Шилегов.
Сумејра Шол, една од уметничките, истакна дека во Турција заедно со нејзините пријателки отвориле курс за овој вид на уметност.
Таа нагласи дека иста изложба минатата година отвориле и во Сараево, и дека се чувствуваат горди што ја донеле оваа уметност на Балканот.
Во рамки на програмата, професорот на Тетовскиот Универзитет, проф. д-р Метин Изети, зборуваше за важноста на Зерефшан, додека скопскиот уметник, Џенгиз Ибрахим, имаше свој настап на традиционална турска музика со инструментот канун.
Изложбата на уметничките Сумејра Шол, Шејма Османли Шабан, Есра Аслан Шенол, Зулејха Алтундаг, Умушулсун Курбетоглу, Дерја Ајдемир и Севденур Шенер ќе биде отворена до 10 септември.