На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 41 санкција, 15 за возење без возачка дозвола и четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се изречени и 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, 10 прекршоци за возачите на мотоцикли, пет за некористење сигурносен појас и 40 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.