Полицијата во Скопје уапси Турци и Узбекистанци за фалсификување дозволи за престој и други службени документи.
Според информациите на МВР, доцна синоќа во 01.30 часот, полициски службеници ги лишија од слобода А.З.(30), З.А.(26), Е.С.О.(20) и А.У.(51), сите од Турција, и Н.А.Т.(39) и А.Д.М.У.(27), двајцата од Узбекистан, поради сомнение за сторен прекршок по член 212 од Законот за странци и член 378 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на А.З. во кој престојува на подрачјето на Чаир, извршен со судска наредба, а во кој се затекнати останатите пет лица без дозволи за престој, пронајдени и одземени се повеќе дозволи за престој на име на други лица, пари во различни валути и апоени, печати од приватни фирми и државни институции за кои постои дека се фалсификувани, лап топ компјутери, турски патни исправи на име на други лица и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Текстот Во Скопје уапсени Турци и Узбекистанци за фалсификување дозволи за престој и други службени документи е превземен од МАКФАКС.