На 6, 7 и 8 март 2026 година ќе се одржат информативни средби со претставници од Министерството за образование и наука на Бугарија и Агенцијата за Бугарите во странство, наменети за ученици и идни студенти заинтересирани за студирање во бугарските високообразовни институции, јавува СтудирајБГ, пренесува Трибуна.

За време на средбите ќе биде презентиран начинот на аплицирање, целокупната постапка и потребните чекори за пријавување на универзитетите во Бугарија. Присутните ќе добијат информации за студиските програми, условите за запишување, формите на поддршка и други практични аспекти поврзани со образованието. Предвидено е и директно поставување прашања, при што учесниците ќе добијат официјални насоки од надлежните институции.

Според објавениот распоред, првата средба ќе се одржи на 6 март (петок) во Скопје, со почеток во 12:00 часот, во Културниот центар на Бугарија.
На 7 март (сабота) е предвидена средба во Битола, а на 8 март (недела) во Струмица.

За точната локација и времето на настаните во овие два града дополнително ќе биде доставена информација.