Tриесет и осум Американци вчера пристигна во земјава, кои ќе служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе волонтираат во различни институции и организации низ земјата, каде што ќе го споделат своето знаење и искуство. Во државата ќе останат две години.
Волонтерите вчера на скопскиот аеродромот беа пречекани од страна на директорот на Мировен корпус во нашата држава Дејвид Рисајд, како и дел од вработените.
– Мировниот корпус го поздравува пристигнувањето на 38 Американци во државата кои ја претставуваат 27-та група волонтери на Мировниот корпус која ќе служи во Северна Македонија. Овие 38 Американци ќе бидат распределени да живеат и работат во различни заедници низ целата земја. Мировниот корпус е благодарен за соработката со Владата и нашите партнери, со која успеавме да поддржиме речиси 900 волонтери да служат овде од 1996 година па сè до денес“, истакна директорот на Мировен корпус Дејвид Рисајд.
За време на нивниот двегодишен престој, волонтерите ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во полето на развој на заедницата – во невладините организации и општините.
– Мировниот корпус има одлична соработка со своите локални и национални партнери и ги спроведува своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука и Министерството за локална самоуправа, велат од Мировниот корпус.
Ова е 27-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Северна Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе ја запознаат македонската култура. Својата служба во земјата ќе ја започнат официјално во декември. Мировниот корпус својата мисија во државата ја почна во 1996 година и досега волонтирале над 800 Американци.