Бројот на новозаразени од коронавирусот во Шведска од 5. јануари порасна за 12.536, покажаа денешните статистички податоци на Агенцијата за здравство.
Вкупниот број на заразени од коронавирусот во Шведска изнесува 494.820, пренесува порталот Ворлдметерс.
Во Шведска од 5. јануари забележани се 277 смртни случаи од коронавирус, а вкупниот број на починати изнесува 9.262, пренесува Ројтерс.
Според Агенцијата за здравство статистичките податоци за божиќниот период се помалку веродостојни од обично зошто има помалку тестирања и се доцни со пријавувањето на смртните случаи.