Лавовите веруваат во себе и секогаш се полни со идеи. Тие се во центарот на вниманието, каде и да се појават. Јарците смирено и трпеливо го чекат својот успех…

Овен

Вие сте секогаш подготвнени за акција и авантура. Обожавате да испланирате внимателно до последниот детал. Вашите пријатели го знаат ова и секогаш тргнуваат со вас во некоја авантура затоа што кај вас нема простор за случајности.

Бик

Вашите пријатели се жалат и секогаш бараат помош од вас кога имаат проблеми. Тие знаат дека вие држите сè под контрла. Ја сакате својата рутна и кога ќе ви „згусне“, знаете како да најдете решение. За вас нема тешка криза. Знаете да калкулирате со вашите финансии и секогаш имате некоја заштеда.

Близнаци

Кога луѓето ве запознаваат, тие сакаат да се дружат со вас затоа што вие едноставно сте вистински магнет. Секогаш знаете како да се забавувате. Шармантни сте, интелигентни и забавата со вас не се заборава. Затоа имате голем круг на пријатели.

Рак

Вие имате големо срце и секогаш сте подготвени да им помогнете на сите – било да станува збор за ваш пријател или странец. Вие сте рамо за плачење и често ја преземате улогата на терапевт. Секогаш знаете како да излечите нечија рана.

Лав

Креативни сте и полни со добри идеи. Едноставно секогаш блескате на кое било поле. Покрај тоа, верувате во себе и со тоа ги инспирирате и луѓето околу вас, па затоа имате многу симпатизери. Може да се каже дека сте ѕвезда затоа што секогаш сте во центарот на внимание, каде и да се појавите.

Девица

Никогаш не се откажувате од своите цели и сте родени за тешки задачи. Колку и да е комплицирана некоја ситуација, вие се борите да најдете решение до последен момент. Луѓето околу вас се фасцинираат од вашата енергија и од сè што правите.

Вага

Луѓето ви веруваат затоа што на сите им посветувате доволно внимание и љубов. Покрај тоа секогаш се трудите да балансирате и да бидете правични. Поради тоа, познавате многу луѓе и имате многу контакти. Со секого можете да разговарате. Едноставно, вие знаете како со луѓе.

Скорпија

Вие сте грациозни и имате силна харизма, затоа луѓето сакаат да ве слушаат и често се приврзуваат со вас. Одлучни сте и знаете што сакате. Воедно, знаете и како да го добиете тоа што го сакате, луѓето околу вас ви се восхитуваат на вашите моќи.

Стрелец

Сакате да раскажувате приказни секогаш кога ќе се вратите од некое патување, но не секојдневни. Иако можеби ви се чинат неинтересни, луѓето околу вас сметаат дека работите што ви се случуваат се интересни. Не ви е тешко да ги насмеете луѓето околу вас и затоа многумина сакаат да бидат во ваше друштво, затоа и имате многу пријатели.

Јарец

Вие знаете како да останете позитивни и трпеливи. Секогаш сте реални и смирени, па затоа често и успевате да ги реализирате вашите цели. Додека другите се откажуваат, вие чекате трпеливо. Не е лесно некој да ве обесхрабри, а вашето мото е „Кога има волја, постојат начини“.

Водолија

Сакате да сонувате и сакате да го промените светот. Вашиот сон е да оставите наследство и да им помогнете на другите околу вас. Вие знате да размислувате надвор од рамките и никогаш нема да бидете задоволни со мали достигнувања. Не толерирате неправда. Секогаш им помагате на оние на кои им треба некаква помош.

Риби

Не ви е тешко да им пристапите на луѓето што не ги познавате затоа што знаете да се прилагодите на различни карактери. На овој начин честопати се зближувате со луѓето и постојано создавате нови познанства. Исто така, сакате и да учите од другите.