Во Сенатот на САД е поднесен нацрт – закон за прогласување на Русија за држава спонзор на тероризмот. Документот беше претставен синоќа од сенаторот републиканец Линдзи Грем и неговиот демократски колега Ричард Блументал.

Според мислењето на авторите на оваа иницијатива, со давањето таков статус на Русија „САД значајно ќе го зголемат достапот до инструменти за казнување“ на рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, „деструктивните дејствија во Африка“ и низ целиот свет.

Грем изјави дека неодамнешниот договор на Русија за воена алјанса со Северна Кореја, „еден од најрепресивните режими на планетата“, е последна капка и САД повеќе не треба да бидат да се воздржуваат во своите оценки.

-Ја повикувам администрацијата да го земе во предвид она што Путин го направи на 19 јуни, да игра само на таа карта и да признае дека неговиот режим е таков како што е: држава спонзор на тероризмот, изјави сенаторот.

Блументал истакна дека Русија го „заслужила“ своето место во „клубот на земји отпаднички“, со тоа што разврза „жестока кампања на насилство и агресија“ во Украина причинувајќи многубројни ѕверства и злосторства против човештвото, сеејќи ужас и смрт меѓу илјадници невини мирни жители“.

-Признавањето на Русија држава спонзор на тероризмот ќе овозможи САД да водат поагресивна борба со жестокоста на Путин како и со заканата што тој ја претставува за слободата и демократијата, истакна сенаторот.

Ако биде усвоен овој законски проект, тоа ќе овозможи воведување пожестоки санкции против Русија и засилување на борбата со избегнување на веќе актуелните ограничувачки мерки, се вели во документот.