На поранешниот претседател на Соединетите држави Доналд Трамп по втор пат ќе му се суди во Сенатот, кога денеска започнува таквата постапка против него во горниот дом на Конгресот. Судскиот процес се случува скоро еден месец откако Конгресот беше под опсада на неговите приврзаници, кои погрешно тврдеа дека претседателските избори во минатата година беа „украдени“ или „наместени“, откако Трамп загуби од демократот Џо Бајден. Демократите – и некои републиканци – сметаат дека пред нападот на 6 јануари врз Капитол Трамп „го поттикна“ тоа. После неговиот импичмент во Претставничкиот дом на 13 јануари, документот за импичмент му беше предаден на Сенатот на 25 јануари, со што се отвори патот судењето да започне две недели подоцна.
– Advertisement –