Во селото Штука, Општина Босилово, вчера е отворена школа за изучување на традиционални музучки инструменти. Сите заинтересирани ќе учат свирење на зурла, тапан, гајда, кавал, тамбура, а набавена е и народна носија и адаптиран е простор со мебел за непречено работење на школата.

Проектот е плод на соработката помеѓу Општина Босилово, УСАИД, ЛАГ„ Беласица – Огражден“ и општествено одговорни поединци и компании.

– Благодарение на поддршката на Општината, јавното комунално претпријатие и приватниот и граѓанскиот сектор, младите сега имаат нов простор за негување здрави навики и унапредување на квалитетот на животот, објави Сашко Поповски од ЛАГ „Беласица-Огражден“.

Отворањето на школата беше проследено со кратка музичка програма, а проектот е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата која ја имлементира Rural Development Network of North Macedonia во соработка со ЛАГ „Беласица Огражден “/ LAG Belasica Ograzden и останати четири Локални акциски групи.