Вакцинацијата во државата се одвива добро. Веќе се вакцинирани околу 25 000 граѓани во салата „Борис Трајковски“, а утре завршува вакцинација на вработените во критичната инфраструктура, согласно националниот план. Од среда, останатиот дел од 20 000 вакцини на Спутник, ќе бидат распределени по возрасни групи, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој посочи дека вакцинацијата со останатите вакцини на Спутник од среда ќе се одвива исто како што се одвива вакцинацијата од почетокот со вакцината на Астра Зенека, по вакциналните пунктови.
Министерот Филипче испрати апел до сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација „vakcinacija.mk“ за да сите податоци на пријавените граѓани влезат во системот Мој Термин и на тој начин да бидат регрутирани.
-Освен овој систем, кој исто така важи е и преку пријавување кај матичните лекари, кои имаат обврска да ги анкетираат своите пациенти, посебно оне постарите, који треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува по возрасните категории, како ќе доаѓаат понатаму вакцини, ќе се надополнуваат двата системи, додаде Филипче.
Приоритет имаат постарите граѓани, но продолжуваат и во делот на критичната инфраструктура.
Како што посочи, вакцинирани се целосно сите оние кои имаат најголем ризик и кои практично учествуваат во менаџирање на кризата од почеток, припадници на МВР, Армијата, вработените во училиштата, односно наставнички од прво до трето одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и вопситувачлите, понатаму праводуството, денеска е групата на вработени во Собрание, во техничките служби, а го очекува и интересот од страна на претседателот на Собрание во делот на вакцинација на пратениците.