Пациентот, жител на Далас, бил хоспитализиран и се наоѓа во стабилна состојба, соопштија здравствените власти. Центрите за контрола и превенција на болести соопштија дека работат со авиокомпанијата превозник, како и со државни и локални здравствени власти, за да ги контактираат патниците кои патувале со пациентот во текот на два лета – еден од Лагос до Атланта на 8 јули и друг од Атланта до Далас на 9 јули, пишува „Њујорк тајмс“.

Advertisements

„Мајмунската сипаница е ретка, но потенцијално многу опасна вирусна болест која обично започнува со симптоми на грип. Лимфните јазли отекуваат, а потоа се појавува осип што се шири низ лицето и телото “, објави Центарот за контрола на болести.

Инфекцијата може да трае од две до четири недели, а болеста има стапка на смртност од околу еден процент.

Прикажи повеќе