Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД минатата недела регистрирани се 2.637 сметни случаи од последици од Ковид-19, што значи дека просечно секои 33 секунди умирало по едно лице заразено со новиот коронавирус.

Во САД најсмртоносен месец од почетокот на пандемијата беше декември, кога починаа 77.572 луѓе.

– Бројот на смртни случаи најверојатно ќе се зголеми како се зголемува бројот на новозаразени пациенти, истакнуваат од Универзитетот Џонс Хопкинс.

Во САД вчера хоспитализирани се најголем број на пациенти од почетокот на пандемијата – 125.5444. Минатата недела на дневно ниво просечно се пријавувани 213.437 новозаболени од Ковид-19, а тоа во голема мера се должи на семејните собири.

Лекарите стравуваат дека порастот на новозаразени може да доведе до преоптоварување на здравствениот систем и се поголем бројо смртни случаи, а имунизацијата се одвива со бавно темпо.

Во САД досега се дистрибуирани околу 15,4 милиони дози вакцини против КОвид-19, но само околу 4,5 милиони луѓе ја примиле првата доза.