САД најверојатно ќе почнат да препорачуваат годишни вакцини против Ковид-19, соопштија здравствените власти.

Соопштението беше објавено откако земјата одобри воведување на нови, засилувачки, дози вакцини, дизајнирани да се борат против варијантите на коронавирусот кои моментално се шират.

До крајот на неделата, 90 отсто од Американците ќе живеат на осум километри од местата каде што ќе можат да добијат адаптирани вакцини, рече секретарот за здравство и хуманитарни прашања Хавиер Бесера.

Здравствените власти велат дека луѓето би можеле да ги добијат новите засилувачки дози оваа есен или зима, заедно со нивните редовни вакцини против грип. Според нив, ова најверојатно ќе стане годишен ритуал.

Врвниот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, рече дека доколку не се појави значително различна варијанта на вирусот, годишните вакцини треба да понудат доволно заштита за повеќето луѓе. Сепак, според него, некои ранливи групи на луѓе можеби ќе имаат потреба од почести вакцинации.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.