Американското министерство за правосудство соопшти дека е уапсен избраниот функционер од Ново Мексико поради поврзаност со упадот на Капитол Хил на 6-ти јануари, откако изјави дека има намера повторно да замине во Вашингтон со огнено оружје во знак на протест против инаугурацијата на Џо Бајден, а во рамките на безбедносните мерки пред промоцијата на46-от претседател на САД, упасени се и рок музичар и армиски резервист со достап до доверливи информации, пренесуваат медиумите.
Куој Грифин, избран функционер во Ново Мексики и оснивач на групата позната под називот „Каубоите за Трамп“, бил меѓу илјадниците кои упаднаа на Капитол Хил верувајќи дека е украдена на победата на републиканскиот претседател во намера да го спречат Конгресот да ја потврди победата на демократот Џо Бајден. Тој стоел на скалилата пред зградата, но не влегол во неа.
Според властите, тој се вратил во Ново Мексико по бунтот, каде што на седница на Советот на округот Отеро на 14-ти јануари изјавил дека планира да се врати во Вашингтон со пушка и револверд во знак на протест проти инаугурацијата на Бајден во средата.
Засега не е познато дали Грифин имал кај себе огнено оружје во моментот кога е уапсен во неделата. Обвинет е бидејќи незаконски влегол и се задржал во забранета зона.
Истовремено, исто така, во врска со учество во немирите на Капитол Хил, уапсен е и лидерот на американската хеви-група „Iced Earth“, Џон Шафер
„Џон Шафер од Колумбос, сојузната држава Индијана, беше приведен во врска со инцидентот на 6-ти јануари во Капитол. Шафер е обвинет по шест точки, вклучително и за вмешаност во дело за физичко насилство во зградата на Капитол“, се анведува во соопштението на канцеларијата на Федералното биро за истраги (FBI) во Индијанополис објавено во понеделникот.
Се забележува дека Шафер, веројатно, заедно со другите демонстранти, прскал со гас врз полицијата пред Капитол.
Како што појаснува за весникот The Indianapolis Star портпаролот на FBI, Крис Бавендер, музичарот им се предал на властите во неделата, откако Бирото објавило фотографии од учесници во немирите, на кои меѓу нив бил забележан и Шафер.
Резервист на копнените војски на американската армија ангажиран по договор во воено-поморска база кој има достап до доверливи информации, односно безбедносен сертификат, исто така, е приведен од американските органи на прогонот по упадот во Капитол, објави вонеделата информативниот портал The Daily Beast.
Според верзијата на истрагата, притворениот Тимоти Хејл-Кузанели бил и „приврзаник на идетиа надмоќ на белата раса и приврзаник на нацизмот“. Се додава дека тој отворено ги изразувал своите ставови, вклучително и на неговиот канал YouTube. Но тоа не било земено во предвид која тој како по резервист врз основа на договорот со американската воена морнарица, добил „пристап до класифицирани информации и пристап до разни видови оружје и муниција“.
Безбедносните служби добиле информации од лице на коешто наводно осомничениот самиот му го признал своето присуство во текот на безредијата на Капитол Хил.
„Хејл-Кузанели му раскажал на изворот дека доколку имале повеќе луѓе, ќе можеле да ја заземат целата здграда (на Капитол)“, се наведувало во белешката на агент на FBI за овој случај. Тој е обвинет за учество во немири и нелегално навлегвѕуае на територијата на американскиот Конгрес.
Последните денови американските власти презеемаа засилен безбедносни мерки во Вашингтон во пресрет на инаугурацијата на новоизбраниот претедател Џозеф Бајден на 20-ти јануари. Поголем дел од центарот на американската престолнина, особено во непосредна близина на Белата куќа и Конгресот каде што е забранет сообраќајот, а веќе неколку дена е забранет пристап во тие области.