Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, информира дека на ден 31.05.2025 година (сабота), со отпочнување во 00:00 часот, планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод ф 1600 мм кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод ф 700 мм на бул.Александар Македонски кој се напојува од градскиот магистрален цевковод ф 1600 мм, преку новопредвидениот магистрален цевковод ф 700мм, кој ќе биде поставен по должинта на новопредвидениот бул.Хрватска.
Оваа акција се очекува да заврши за помалку од 15 часа од кои најмногу часови се одвојуваат за празнење и полнење на магистрален цевковод, велат надлежните.
Токму поради ова како што соопштија, со делумен прекин на водоснабдувањето ќе бидат населените места Визбегово, бул.Босна и Херцеговина, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда-само висока зона, Железара и Бутел 1.
Текстот Во сабота без вода делови од Скопје: акцијата се очекува да заврши за помалку од 15 часа е превземен од МАКФАКС.























