Во Русија има нов дневен рекорд на бројот на заболени од коронавирус, додека земјата се бори против ширењето на делта-сојот на вирусот, првпат идентификуван во Индија во услови на слаба вакцинираност на населението.

Advertisements

Според официјалните статистики, во изминатото деноноќие се регистрирани 29652 нови случаи во Русија со што вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата надмина 5,5 милиони. Претходниот дневен рекорд беше во декември, кога имаше по над 20 илјади случаи дневно.

Во исто време, властите соопштија дека планот за број на вакцинирани луѓе нема да биде исполнет до есен.

Засиленото ширење на вирусот во Москва и во Санкт Петерсбург ги принуди властите да воведат нови ограничувања.

Прикажи повеќе