Претседателот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), Денис Пушилин, денеска објави декрет со кој се воведува петчасовен полициски час.
Декретот забранува присуство на цивили на улиците и јавните места од 23:00 до 04:00 часот од понеделник до петок.
Забранети се сите собири и демонстрации, како и други масовни настани во сите делови на ДНР под руска контрола, освен доколку спротивното не го одобри Оперативниот штаб за одговор на воена закана.