Повеќе полицајци се повредени, а најмалку еден е пренесен во болницата, јави Си-Ен-Ен.
Дел од американските медиуми јавија дека една жена е повредено од огнено оружје.
Претходно, полицијата претходно ја заклучи зградата на Капитол и почна да ги изведува надвор демонстрантите, а пратениците се евакуирани и одведени на безбедно место.
Американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба Националната гарда и другите федерални безбедносни служби да се вклучат во обезбедување на Капитол.
Трамп на Твитер претходно побара од демонстрантите да останат мирни,
– Ве молам пружете поддршка на нашата полиција на Капитол и на силите на редот. Тие се на вистинската страна на нашата земја. Останете мирни, напиша Трамп.