Најмалку 25 лица загинаа, а десетици се повредени во бомбашки напад на пазар во главниот град на Ирак, Багдад, соопштиле безбедносни извори, јави „Би-би-си“.

Advertisements

Нападот се случил вчера на пазарот Ал-Воејлат во шиитската област Садр Сити додека семејствата се подготвувале за еден од најважните муслимански празници Курбан Бајрам.

Станува збор за најсмртоносниот напад во Багдад во последните шест месеци, а одговорноста, како што пренесува „Би-би-си“ ја презеде Исламската држава (ИД) соопштувајќи дека еден од нејзините членови активирал елек со експлозив.

Владата на Ирак прогласи победа во војната против џихадистичката група на крајот на 2017 година, меѓутоа ИД продолжува да бунтува преку вакви убиствени напади.

Оваа група ја презеде одговорноста за експлозија на автомобил во април кога имаше четири жртви, напад кој се случи на друг пазар во шиитско предградие. Исто така, ИД соопшти дека стои и зад нападот од јануари кој се случи на плоштадот „Тајаран“. И тој бомбашки напад беше извршен со елек полн со експлозив, а во него загинаа 32 лица што го прави најсмртоносиот напад во последните три години.

Прикажи повеќе