Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот, се интервенира за негово расчистување, информира АМСМ.

Од 12:40 часот е укината забраната за ТМВ на регионалниот пат Маврово – Дебар.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Во прекин сообраќајот на патот Никифорово – Леуново – Бунец поради врнежи од снег е превземен од МАКФАКС.