Денеска во Прага во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот украински колега Денис Шмихал се потпишани одлуки со кои се дополнува и ревидира постојниот Договор за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји. Премиерот Шмахил, како што соопштени македонската влада, и се заблагодари за неизмерната поддршка што Република Северна Македонија ја дава за Украина.

„Потпишаните документи овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи“, истакнуваат од Владата.