Како што соопшти Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj на ковид-19. Починати се 9 лица, 3 пациенти од Прилеп, по 2 пациенти од Скопје и Тетово, и по 1 починат е пријавен од Куманово и Охрид. Пациентите се на возраст од 54 – 87 г. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 308 оздравени пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143.