Во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на Ковид-19 од Куманово.
- Куманово – 1
Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г).
Регистрирани се 204 оздравени пациенти од:
- Скопје – 77
- Куманово – 25
- Охрид – 19
- Битола – 11
- Струмица – 9
- Тетово и Кичево – по 7
- Прилеп – 6
- Гостивар, Штип и Струга – по 5
- Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3
- Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2
- Гевгелија и Македонска Каменица – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.