Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.024 тестови, а регистриран е 41 нов случај на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 10 реинфекции. Во изминатите 24 часа регистрирани сe 457 оздравени пациенти. Починало едно лице во изминатото деноноќие, а согласно регистарот на поинати со дијагноза Ковид 19 преку Мој термин, дополнителни се пријавени уште два смртни сличаи. Бројот на активни случаи изнесува 1.566.