Во понеделник во Лондон за Украина ќе разговараат претседателот Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Макрон денеска на платформата Икс (X) најави дека тие „ќе ја разгледаат ситуацијата и тековните преговори во рамките на американското посредништво“ за мир во Украина.

„Мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме да склучи мир“, напиша Макрон, осудувајќи ги руските напади минатата ноќ врз украинската енергетска и железничка инфраструктура.

Денеска на социјалните мрежи Зеленски напиша дека целта на тие руски напади била да „страдаат милиони Украинци“ и дека ваквите напади „бараат одговор и дополнителен притисок“ врз Москва, објави парискиот весник „Ле Монд“.

Текстот Во понеделник во Лондон, состанок меѓу Зеленски, Стармер, Мерц и Макрон за Украина е превземен од МАКФАКС.