Претставниците на индустријата за организација на свадби и други семејни прослави во понеделник ќе одржат средба со вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи и директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, дознава Алсат.
На средбата ќе се бара решение како да почнат да работат, како и останатите во угостителскиот сектор. Сепак, последниот збор ќе треба да го даде Комисијата за заразни болести, која треба да изготви и протоколи за работа. Инаку, организаторите на свадби неколку пати протестираа низ земјава и бараа државата да им дозволи да работат, исто како кафулињата и рестораните. Нивниот сектор е целосно затворен од јуни минатата година.
– Advertisement –