Полска, како земја на Европската унија, од март примила најмногу Украинци кои бегаат од војната, додека другите земји оттогаш го зголемиле бројот на оние кои добиле засолниште, покажаа денешните податоци.
Војната во Украина од 24 февруари ја предизвика најтешката бегалска криза во Европа од крајот на Втората светска војна, бидејќи оттогаш повеќе од шест милиони луѓе ја напуштиле Украина, се вели во мајскиот извештај на Обединетите нации за миграцијата.
Податоците на Евростат објавени денеска покажуваат дека Полска во март им доделила статус на привремена заштита на 675.085 Украинци, Чешка на 244.650 и Словачка на 58.750.
Се наведува дека во Полска, две третини или повеќе од Украинците на кои им бил доделен статус на привремена заштита биле жени и девојчиња, додека децата на возраст под 18 години сочинуваат повеќе од половина од нив.
Се додава дека повеќето од оние на кои им била одобрена привремена заштита биле Украинци, а податоците покажуваат дека Полска примила и 575 граѓани од Русија и 325 од Белорусија.
Врз основа на досега достапните податоци за април, Евростат соопшти дека бројот на Украинци на кои им е одобрена привремена заштита од март е зго лемен во девет земји-членки на ЕУ, предводени од Бугарија и Литванија, кои примиле 30.965, односно 21.800 повеќе луѓе.