Се подготвува анимирана адаптација на книгата „Големиот Гетсби“ од Франсис Скот Фицџералд, а ќе ја режира Вилијам Џојс.
Сценариото за оваа анимирана продукција е потпишано од Брајн Селзник, а продукцијата ќе ја работи „ DNEG Feature Animation“.
Ова е првпат романот објавен во 1925 година да се адаптира во анимиран филм.
Продуцентите на филмот истакнаа дека веруваат дека ова е совршен момент да се започне овој проект, бидејќи гледачите и младите режисери ширум светот само ги откриваат сите привлечности и можности што ги нуди анимацијата.
Да потсетиме, во 2013 година, книгата беше адаптирана во истоимен филм, во кој Леонардо ги имаше главните улоги