Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
„Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот ‘Астразенека’“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
Тој најави дека вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период и апелира сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.